Надвор владаат високи температури и горештини, а времето е само за на плажа.
Иако, многумина јавни личности ја подготвија летната облека за да заминат некаде и да ги полнат батериите, Адријана Алачки исто така ги спакува куферите и замина од Македонија, но не на плажа.
Водителката на „Вкусот на традицијата“ замина на Сибир.
Како што пренесува 7дена.мк таа заминала на Сибир на „Баикал грил фест“.
На овој фестивал, Алачки ќе патува како како Претседателка на Гастромак, Национална Асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Македонија и како автор и водител на готвачкото шоу „Вкусот на традицијата“, што ќе се снимаат во Сибир.
-Ова е апсолутно ново искуство- ни рече Адријана,- сите мои досегашни патувања, на сите страни на светот беа стандардни и очекувани. И многу често во шега зборував дека само на Сибир не отидов, и многу сум љубопитна што и како ќе видам таму“ вели Алачки за “7дена“.
Ова не е првпат како патува надвор од границите на нашата територија, а веруваме дека отаму ќе се собере многу нови искуства, соработки, но и нови пријатели.
Извор: vistina.mk