Договорот падна: Свети Кирил и Методиј ќе ги чествуваме заедно со Бугарија

ИЗВОРСкопје24
|

Словенските просветители Кирил и Методиј во иднина ќе ги чествуваме заедно со Бугарија. Ова го договори мешовитата македонско-бугарска комисија, а Бугарија добила согласност од македонската страна за нејзината улога во делото на светите браќа, објави телевизија Алфа. Македонско-бугарската експерска комисија, ги чешла историските разлики во учебниците во двете земји , и тоа врз база на Договорот за пријателство потпшан од премиерите на двете земји Зоран Заев и Борис Борисов.

Според копредседателот на Комисијата од бугарската страна Ангел Димитров, и натаму има бројни несогласувања , кои се опднесуваат на учебниците во основните училишта во Македонија.

Директорот на македонскиот институт за националната историја Драги Ѓорѓиев, пак, оценил дека е постигнат сериозен напредок во разговорите, а посебно околу историските несогласувања межу двете земји во периодот на 60-70 години од минатиот век. Биле разменети мислења со бугарската страна и за прашања и за античкиот и средновековниот период.

Пред два месеци Ѓорѓиев за Алфа потврдил дека начелно е постигнат договор за заедничко славење на Григор Прличев, додека за царот Самоил направени се некои чекори, но дефинитивна согласност межу двете страни не е постигната. Тој најавил и дека очекува проблеми да има во врска со темите од поблиското минато бидејќи таму постојат и најголеми разлики.