Доколку имате проблем да заспиете бидејќи ви е топло, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат

ИЗВОРСкопје24
|

Топлото лето претставува проблем за многумина. Летните денови носат потешкотии во нормалното функционирање. Но и ноќите често се со температури кои не се многу пријатни за спиење.

Сепак, постојат неколку трикови кои можат да ни помогнат да уживаме во сонот во летниот период.

-Секогаш затворајте ги прозорците и затемнете ја собата преку ден за топлината да не навлезе во неа.

-Не јадете многу протеини бидејќи тие дополнително го загреваат организмот и го забрзуваат метаболизмот. Исто така, три часа пред спиење не е препораливо да се јаде лута храна.

-Постелнината може да се стави на неколку минути во замрзнувач, а шише со ладна вода имајте покрај колената, зглобовите и лактите. Секогаш вежбајте наутро, а не пред спиење.

-Измијте ги стапалата со ладна вода пред да одите на спиење и држете ги стапалата над прекривката.

И мирисот на оваа билка ќе ви помогне да заспиете во топлите летни ноќи

Ако сте под стрес и навечер имате потешкотии да заспиете, мирисот на лаванда може да ви помогне да се опуштите.

Лавандата е позната по смирувачките својства – нејзиниот мирис помага да се релаксирате и дејствува анксиолитично. Маслото од лаванда содржи линалол и линалал ацетат кои директно влијаат на централниот нервен систем и го смируваат. Поради тоа, вдишувањето на мирисот на лаванда ќе помогне да се релаксираат мускулите и нервите и на крајот, ќе ви помогне побрзо да заспиете.

Како е најдобро да се користи лавандата ако сакате навечер да се опуштите и побрзо да заспиете?

Ако имате длабока бања, можете да си дозволите топла купка во која ќе додадете 10 капки есенцијално масло од лаванда.

Другата опција е околу половина час пред спиење во еден сад да истурите врела вода (околу 500 ml) и во неа да додадете 2 до 3 капки есенцијално масло од лаванда. На овој начин, ќе го освежите воздухот во просторијата, а ароматичните испарувања ќе ви помогнат да се релаксирате.

Конечно, може две или три капки масло од лаванда да нанесете на долната страна на перницата, т.е. навлаката на перницата (немојте да нанесувајте на делот на навлаката која доаѓа во контакт со вашето лице и капаци/очи).

Уште една добра вест е дека мирисот на лаванда ги брка комарците, така да, ни зуењето ниту убодите на овие инсекти не би требало да ве спречи мирно да заспиете.