Доколку нема цензус Ѓорге Иванов останува на функцијата Претседател на Македонија до нови избори

ИЗВОРСкопје24
|

По одржаниот прв изборен круг од претседателските избори минатава недела и многу малата излезност на граѓаните, на твитер и останатите социјални мрежи почна на долго и широко да се дебатира за тоа кој ќе биде Претседател на Македонија доколку во вториот изборен круг не се постигне цензус.

Досега во јавноста се зборуваше за неколку различни опции за тоа што ќе се случува доколку изборите се бојкотираат и не се постигне цензусот на истите, меѓу кои беше и тоа претседателот да се избере во Собранието. Твитерџии ја започнаа и таа тема.

На претседателски избори од запишаните 1.808.131 гласач, во првиот круг своето право го оствариле 755.816, односно излезеноста била 41.85 отсто, информира Државната изборна комисија.

Во Заклучокот за објавување на конечните резултати од првиот круг на гласање за претседател на Републиката, што ДИК го разгледува денеска на седница, е наведен и бројот на гласови што ги освоил секој од тројцата кандидати, учесници во изборната трка. Стево Пендаровски освоил 323.892 гласа, Гордана Силјановска-Давкова 319.364 гласови, а Блерим Река 79.921 глас.