До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно а ќе дува и умерен ветер од јужен правен кој повремено на некои места ќе засилува. Во западните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе провејува слаб снег. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 8 степени.
Потоа за време на викендот, нашата територија ќе биде под влијание на ИЗРАЗЕНА ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ која ќе услови времето да биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и тоа особено во попладневните и во вечерните часови. Врнежите локално ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ, додека на планините ќе има врнежи од снег каде снежната покривка значително ќе се зголеми ( за над 40 сантиметри), и тоа особено во западните предели.
. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. На почетокот од следната недела под влијание на постудена воздушна маса врнежи од снег ќе има понекаде и на повисоките населени места. Ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен, а во понеделник од западен правец.
Да напоменеме дека за време на викендот, оние кои се лубители на скијањето, ќе биде иделано за истото и тоа особено на повисоките ски центри со надморска височина од над 1300 – 1400 метри, и тоа особено во западните и во северозападните предели ( Попова Шапка и Маврово).
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.