Доколку ве привлекуваат таинствени ситуации, неопходно е да прифатите и одреден степен на ризик – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Важно ви е да ги ускладите различните интереси кои постојат меѓу соработниците. Сепак, секој од вас има свои приоритети и тешко се согласува со деловни отстапки. Потребна ви е дипломатска нота во обраќањето.

Бик (21.04 – 21.05)

Не можете да предвидите нечиј одговор на зададената тема или да воспоставите добар однос и комуникација со одредени соработници. Нема причина за расеаност, постојат проблеми кои ќе успеете да ги решите и при првиот обид.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На средбата со соработниците не е на одмет да побарате нечија заштита и добар совет. Постојат работи кои бараат креативно размислување или фаза на инкубација. Нема потреба да забрзувате во некои деловни ситуации.

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку се наоѓате во осетлива фаза, препуштете им на соработниците да се позанимаваат со покомплицираните задачи. Мора да имате добра проценка за тоа кој може да ве замени во одлучувачкиот момент. Обидете се да ја поместите границата на толеранција.

Лав (23.07 – 22.08)

Не треба да обрнувате внимание на нечии коментари. Се што правите со позитивна тенденција остава добар впечаток на околината. Важно е да применувате пробани рецепти, кои гарантираат деловен успех и лично задоволство.

Девица (23.08 – 22.09)

Нема потреба да ве поведат лажните впечатоци или некој да ве прелаже со погрешната приказна за деловните можности. Доколку трпите неуспех променете ја својата деловна позиција во правец кој повеќе им одговара на вашите цели и интереси.

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку ве привлекуваат таинствени ситуации, неопходно е да прифатите и одреден степен на деловен ризик кој произлегува од екперименталните потези. Реално проценете ги своите можности на различните страни.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се обидувате да ја импресионирате вашата околина на различни страни. Важно ви е да привлечете нечие внимание и да го оправдате својот углед. Сепак, работите кои ги правите повеќе потсетуваат на преувеличување или на лична несигурност. Наместо да размислувате за нечии мани, позабавете се со своето однесување.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате добри идеи за унапредувањето на деловните цели, но ви недостасуваат доверливи информации. Потребно е да се определите за практично решение и да го сочувате добриот однос со соработниците. Во разговорот со блиското лице обидете се да попуштите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Избегнувајте претерано експонирање меѓу соработниците и немојте да зборувате за работи кои претставуваат потенцијален ризик за вашите деловни интереси. Секогаш постои фактор изненадување и можност за промена, бидете паметни.

Водолија (21.01 – 19.02)

Потребна ви е дополнителна мерка за внимание при деловните средби, избегнувајте ризик или купопродажба на трансакции. Искуството ве опоменува дека не треба да и верувате на личноста за која вашите соработници зборуваат во негативен контекст.

Риби (20.02 – 20.03)

Важно е да направите листа со приоритети и да прифатите нечиј совет. Со дополнителна упорност можете да ги надминете ограничувањата кои ви ги поставуваат соработниците. Нема потреба да се оградувате од нечии емотивни провокации или предизвици.