Доктор Беќаровски објави порака која му ја испратил наводен роднина на починатото 24-годишно момче

|

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница.

Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија.

Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.

„ИМЕНО, ПРЕД ТРИ НЕДЕЛИ ИМАШЕ МАЛ ХИРУРШКИ, АКО МОЖАМ ДА ГО НАРЕЧАМ, ЗАФАТ, ИЛИ ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ОРТОПЕДИЈА БИДЕЈЌИ ВО ЈУНИ МЕСЕЦ СЕ ПОВРЕДИ СО НЕКОЈА САЈЛА ПО ГРБОТ, ИМАШЕ РАНА ЗА КОЈА НЕ ОТИДЕ НА ЛЕКАР. БИДЕЈЌИ ИЗГЛЕДАШЕ КАКО ПОВРШИНСКА ИСЕКОТИНА. ПРЕД НЕПОЛНИ ТРИ НЕДЕЛИ, ДЕТЕТО ВО ТУШИРАЊЕ СО ДОПИР ОСЕТИЛ ДЕКА НЕШТО ИМА НА ПОВРЕДЕНОТО МЕСТО, КАКО НЕКОЕ СТРАНО ТЕЛО, КОЕ НЕ ГО БОЛИ, ТУКУ САМО НА ДОПИР СЕ ОСЕЌА. ВО ИСТИОТ МОМЕНТ ОДИ НА БОЛНИЦА, ГО УПАТУВААТ НА ОРТОПЕДИЈА, МУ ОБЈАСНУВА ТАМУ ЗА СЛУЧАЈОТ И ТИЕ МУ ВЕЛАТ СЕГА Е КАСНО, ДОЈДИ УТРЕ ЌЕ НАПРАВИМЕ РЕНГЕН И ЌЕ ВИДИМЕ ШТО ИМАШ. ДРУГИОТ ДЕН, ДЕТЕТО ОДИ ТАМУ, ПРАВИ РЕНГЕН И НА НЕГО СЕ ГЛЕДА МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ ОСНОСНО БЕШЕ ПАРЧЕ ЖЕЛЕЗО. МУ ГО ВАДАТ ЖЕЛЕЗОТО ОДМА И ГО ПРАШУВА ДОКТОРОТ КОГА ИМАШ ПОСЛЕДЕН ПАТ ПРИМЕНО ТЕТАНУС? ТОЈ МУ ОДГОВАРА РЕВАКЦИНАЦИЈА НА 18 ГОДИНИ. ДОКТОРОТ МУ ВЕЛИ – ДОБРО НЕМА ПОТРЕБА ОД НОВА ДОЗА, И НА ТОЛКУ ДЛАБОКА РАНА НЕ ГО ШИЕ, САМО МУ ВЕЛИ ЕЛА ДРУГИОТ ДЕН НА ПРЕВРСКА. ДРУГИОТ ДЕН ОДИ, АМА НЕМА КОЈ ДА ГО ВИДИ , НЕМА ДОКТОР САМО СЕСТРАТА ГО ПРЕВРЗУВА И ТОА Е ТОА. Е ТУКА ЈАС СЕ СОМНЕВАМ Е ЛЕКАРСКАТА ГРЕШКА“, ЗАВРШУВА ПОРАКАТА ИСПРАТЕНА ДО Д-Р БЕЌАРОВСКИ, ОД НАВОДЕН РОДНИНА.