Аљоша Вочковиќ е еден од оние уметници кои го обележаа југословенското актерство, а посебно се паметат неговите улоги во популарните серии „Враќање на отпишаните“ и „Подобар живот“. Во богатата кариера оствари повеќе од 70 улоги и секоја е на свој начин впечатлива. Глумецот денеска наполни 72 години, но призна и поради што повеќе не може да глуми.
Вучковиќ веќе извесно време го нема во новите остварувања, а потполно се повлече и од јавниот живот. Главната причина за тоа е тешката болест, со која актерот се бори беќе извесно време. За тешата состојба на популарниот актер сведочат и фотографиите кои настанаа пред неколку месеци, за време на еден од неговите ретки појавувања во јавноста. Аљоша бил на лечење во една од белградските болници, но сега е пуштен на домашно лекување. Тој живее со сопругата Едита со која имаат две ќерки Леана и Сара.
„Ништо не работам и не можам да работам. Болен сум и не се чувстввам добро, тоа е една од причините поради која не глумам. Покрај се, малку ме фати и настинка“, вели Вучковиќ со тежок глас за Курир.рс. Иако не бил расположен да го продолжи разговорот, на констатацијата дека „Подобар живот“ сеуште се репризира во Босна и Херцеговина, глумецот ја започнал приказната.
„Ех можеме денеска да се прашуваме што е феноменот или важноста на „Подобар живот“ или на филмот „Казабланка“… А одговорот е она нешто што не се гледа, всушност што не се приметува. Позади тие култни проекти стои добра работа, душа и професионалност“, смета актерот.
Тој додава дека е многу тешко два пати да се погоди добра приказна и да се направи хит кој ќе трае и кој публиката со години ќе го сака.
„Најголемиот проблем е во тоа што луѓето сеуште се споредуваат… Кога нешто ќе се направи прв пат, остава супер впечаток, а ако се обидете нешто повторно да направите, се стекнува поинаков впечаток и тогаш се пронаоѓаат причините зошто оној прв пат било подобро, зошто имало квалитетна идеја и зошто ова второто не е исто така добро“, појаснува Вучковиќ.
Огорчен и со тежок глас вели дека денес, според негово мислење, феномени речиси и не постојат.
„Кога ќе повлечам црта од периодот на настанување на „Подобар живот“ до денес, сфаќам дека се стои на место, се стагнира. Што да ви кажам друго освен дека ќе ни дојде подобар живот само ако се обидеме да ги победиме сеќавањата. Ретки се добрите прилики, скоро и ги нема. Се ни функционира на принципот: „Ајде да пробаме да биде подобро“, и тоа подобро трае две минути, па престанува„, рекол актерот, па завршил со констатација дека повеќе нема сила да зборува.
Подготви: Наталија Јосифоска