Докторка од грчките плажи апелира: Никако не смеете да го правите ова

ИЗВОРСкопје24
|

Неколку стотини лица во Грција добија инфекција на кожата откако се капеле во морска вода непосредно по тетовирањето, пишува страницата „Live from Greece“, на која се прикажани непријатни фотографии со инфицирани тетоважи.

Предупредување за оние кои неодамна се тетовирале. Не смеете да влегувате во морска вода минимум две недели од тетовирањето, бидејќи може да дојде до сериозни кожни инфекции, предупредува дерматологот Горана Исаиловиќ, автор на фотографиите.

Како што наведуваат администраторите на страницата, од доктор Исаиловиќ помош побарале стотина лица со сличен проблем, само ова лето.

Таа предупредува и дека кожата не смее да се изложува на сонце барем една недела по тетовирањето. Периодот на посебна заштита може да трае и до неколку недели, во зависност од тетоважата.

Со тетовирањето се оштетува заштитниот слој на кожата, епидермот, а оштетувањето зависи од видот на тетоважата, длабочината на тетовирањето, боите. Мора да се почитуваат советите од тату-мајсторот, но и вашиот дерматолог, вели таа.

Покрај можните инфекции, морската вода може да влијае и врз самиот квалитет на пресната тетоважа.