Долги колони на еден граничен премин за влез во земјава

|

Долги колони од возила на граничниот премин „Блаце“ за влез во земјава од Косово, јавува репортерот на ТВ21.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Инаку, на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, на делницата од бензинска пумпа Камара – м.в. Мали Влај, на учесниците во сообраќајот им се препорачува намалување на брзината на движење до 40к.м/ч. поради изведување на градежни работи на пат (крпење на ударни дупки).

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.