Доли Партон ја отфрли номинацијата за Куќата на славните: „Не го заслужив тоа“

ИЗВОРНов Лист
|

Кантри ѕвездата Доли Партон изјавила дека се повлекува од овогодинешната номинација за Куќата на славните на рок музиката, со објаснување дека не го заслужила тоа, пренесуваат американските медиуми.

Музичката икона преку социјалните мрежи проговори за причините за повлекувањето, нагласувајќи дека не сака да зема гласови од другите предложени кандидати.

„Многу сум благодарна што сум номинирана за Куќата на славните, тоа страшно ми ласка, но мислам дека не го заслужувам тоа. Навистина не сакам да се делат гласови поради мене и затоа се повлекувам .

Минатиот месец нејзиното име се најде на листата на номинирани за Куќата на славните меѓу многу други познати имиња, како Еминем, Лајонел Ричи, Кејт Буш, Дуран Дуран …

„Се надевам дека Куќата на славните ќе го разбере мојот потег и повторно ќе ме земе предвид доколку некогаш го заслужам“, рече Партон.