Според соопштението од европската куќа на ракометот (ЕХФ), СЦ „Јане Сандански“ ќе биде салата-домаќин на Скопје на Европското првенство (ЕП) за жени кое ќе се игра пред крајот на оваа година во повеќе земји, меѓу нив и во нашата.
Домаќин на континенталниот собир ќе биде Македонија заедно со Словенија и Црна Гора. Натпреварите ќе се играат во салата во Аеродром, а исто така сали-домаќини ќе бидат „Стожице“ и „Златорог Арена“ во Словенија, односно „Морача“ во Црна Гора.
ЕП 2022 ќе се игра од 4 до 20 ноември. За амбасарор на настанот е избрана словенечката пејачка Сенида, која ќе ја изведе и официјалната химна на шампионатот која ќе биде промовирана во јавноста наскоро.