Намаз со мортадела, одлично оди со врел сомун.
СОСТОЈКИ: 400 гр мортадела, 500 гр крем сирење, 100 гр кисели краставички, 350 гр пченка, 100 гр печени несолени кикирики, 1/2 лажичка мелен бибер, 1 лажичка слатка пипер
сол по вкус.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Мортаделата иситнете ја во блендер. Пченката згответе ја вообичаено, исцедете ја и изладете ја. Киселите краставички ситно исечкајте ги, кикириките издробете ги. Сите состојки ставете ги во сад за мешање и добро измешајте и соединете.
Еве уште една идеја за доручек: Брзи пржени кришки – Појадок совршен со јогурт и сирење
Направете брзи и вкусни прженици.
СОСТОЈКИ: 8 кришки леб, 5 јајца, 100 мл.млеко
масло за пржење.
ПОДГОТОВКА: Се матат јајца со жица, се става млеко и се меша, па секоја кришка леб се става во смесата да впие. Се загрева масло на тава и се пржат кришките. Се ставаат на хартија да впијат маснотија.
Супер се со сирење.