Домашни мафини со ванила кои се спремаат брзо и едноставно

|

Мафините полнети со домашен крем од ванила се подготвуваат многу лесно!

Состојки:

За тестото

1 јајце, 100 гр шеќер, 100 мл млеко, 200 гр брашно, 12 g сода бикарбона, кора од еден лимон.

За филот

180 мл млеко, 1 жолчка од јајце, 3 лажици шеќер. 1 лажица пченкарен скроб. 2 лажици маскарпоне сирење. лажичка екстракт од ванила.

Подготовка:

За филот: Во тенџере истурете млеко, екстракт од ванила, шеќер, пченкарен скроб и жолчки. Сè измешајте со рачен миксер, па загрејте на умерен оган додека не се згусне. Се трга од оган, па се додава сирењето маскарпоне и се убаво се соединува. Оставете да се излади, а потоа префрлете го филот во шприц.

За тестото: Во сад ставете го целото јајце, шеќерот, млекото и маслото и сè убаво измешајте. Изрендајте ја кората од лимон, додајте ги брашното и сода бикарбоната и сè лесно измешајте со рачна маталка.

Калапот за мафини премачкајте го со корпи за печење, па наполнете ги со една лажица смеса од тестото, па со филот, а одозгора со уште тесто. Се пече во рерна на 200 C околу 20 минути. По желба, пред послужување посипете ги со шеќер во прав.