Домашни тиквички повкусни од купечкиот чипс – подгответе ги само вака

|

Постојат повеќе рецепти за подготовка на тиквички, а денес ви го претставуваме рецептот за домашен чипс. Оние кои пробале чипс тиквички, се согласни дека тие се повкусни од купечкиот чипс, бидејќи се лесни и крцкави истовремено.

Покрај тоа, лесни се за подготовка, а со вкусот можете да си „поигрувате“, користејќи ги зачините кои најмногу ги сакате.

Состојки:

3 поголеми тиквички
60 грама брашно
Сушен зачин
Сол
Зачини: оригано, босилек, лук во прав, бибер, лута пиперка (по желба)
Масло

Подготовка
Тиквичките исчистете ги со лупалка, па исечкајте ги на тенки парчиња, наредете ги во сад, посолете ги и оставете ги да отстојат половина час. Потоа исцедете ги од водата и подгответе ги за пржење.

Во поголема кеса за замрзнување истурете го брашното, зачините од суви тревки и/или зачини по вкус, протресете, ставете ги тиквичките во кесата, а потоа врзете ја кесичката високо, блиску до врвот и добро протресете ја. Во смесата за пржење, тиквичките рамномерно ќе се премачкаат. Ставете масло во тавата и вклучете ја ринглата. Ставете тенџере во близина на тавата со масло и истурете ладна вода во него.

Пред да ги спуштите тиквичките во врелото масло, накратко ставете ги во тенџерето со ладна вода – така смесата од брашно и зачини уште подобро ќе се соедини со тенко исечканиот зеленчук. На врело масло пропржете ги тиквичките минута-две од двете страни, па извадете ги на кујнска хартија, за да се исцеди вишокот маснотии и послужете ги.

Добро одат во комбинација со ладен јогурт, цацики или пиво.

Добар апетит!