Домот и алиштата нема да мирисаат на готвено – постои лесен и брз трик

ИЗВОРСкопје24
|

При готвењето во зависност од намирниците, домот може силно да замириса, но постои начин да се решите и од овој проблем.

Ако сакате да не се шири непријатен мирис дома и да се замириса цел дом, вие и алиштата, кога готвите на пример зелка или карфиол, во тавата ставете и парче леб замотано во фолија.Ќе ги впие мирисите и помалку ќе мириса.

Еве како најлесно да ја исчистите рерната

Еве два генијални чекори кои ќе ви го олеснат животот. Се што ви е потребно е: вода, спреј боца, сода бикарбона, оцет и помал сад.

Постапка: Извадете се од рерната. Во садот ставете малку вода и помешајте ја со сода бикарбона. Ставете ја на површината која сакате да се исчисти. Оставете ја да стој една ноќ, бидејќи на содата и е потребно 12 најмалку за да дејствува. Наредниот ден земете крпа и избришете ја рерната.

Ставете малку оцет во спреј боца и испрскајте на местата каде остана малку сода бикарбона и нечистотија. Избришете со влажна крпа. Вратете ги решетките во рерната и вкулучете ја 15- 20 минути на ниска температура.

Во боцата помешајте вода со сода бикарбона, а смесата треба да биде густа. Испрскајте го стаклото од рерната и оставете да отстои 30 минути. После тоа избришете го со крпа за прозорци. Резултатот е неверојатен.

Шампон од сода бикарбона- спас за вашата коса: Рецептот е многу едноставен, а ефектот неверојатен

Блогерката Сонет Лауберт имала толку лоша коса што сериозно мислела да се потстриже скрос кратко. Но, наишла на рецепт за шампон од сода бикарбона и се обидела со истиот. Косата сега и сјае.

– Се шокирав откако сфатив колку поубаво почна да изгледа мојата коса откако наместо класичен, користам шампон од сода бикарбона. Освен што навистина сјае, не е изложена на штетни хемикалии кои во козметичките производи со мирис може да бидат повеќе од 4000, што е застрашувачки. Освен тоа, тие шампони ги отстрануваат природните масла од влакната па косата засилено ги произведува, го опишува своето искуство блогерката Сонет Лауберт за порталот мбг.

Иако на пазарот постојат природни шампони кои не содржат штетни состојки, косата и со нив, како што таа вели и изгледала безживотно, без сјај. Се обидувала да внесе живост во својата фризура и со купечки препарати за обликување, но ништо долгорочно не и помогнало. Веќе помислила да се потстриже, но негде прочитала дека сода бикарбона е одлична за косата.

Рецептот за шампон од сода е многу едноставен…

Сода бикарбона се меша со вода во размер 1:3, значи на една количина сода, доаѓаат 3 вода. На пример, за коса долга до рамена доволни се 2-3 лажици сода.

Смесата се нанесува на сува или мокра коса од коренот кон краевите и се остава една до 3 минути. Потоа се мие со вода.

После тоа се мие и со мешавина од бел јаболков оцет и вода во размер од 1:4, за да го намали мирисот на оцет иако тој брзо испарува, Сонет во смесата додава и неколку капки етерично масло од лаванда, рузмарин или мента.

После миењето со таа смеса се пушта млаз ладна вода, бидејќи таа помага да се задржи влагата во влакната за косата да не изгледа суво и дава сјај.