Шантел Мила објавила видео на ТикТок и објаснила како направила освежувач за воздух што се состои од резанки лимон, рузмарин и есенција од ванила. Освежувачкиот мирис е изненадувачки лесно да се направи и вклучува две шолји вода во кои се додаваат три состојки.
Во водата се става еден исечкан лимон, 4 гранчиња рузмарин, како и лажиче есенција од ванила.
„Дозволете да врие за да го исполните вашиот дом со мирисот“, напишала Шантел.
„Не заборавајте да долевате вода во текот на денот“, потсетила.
Овој трик е алтернатива за скапите купечки свеќи или миризливи стапчиња.
Другите корисници на ТикТок биле воодушевени од трикот, а една жена го поставила прашањето како треба да се искористат остатоците.
„Дестилирана вода е одличен спреј, или со 50/50 бел оцет и вода, можете да направите повеќенаменско средство за чистење“, рекла Шантел.
Исто така, открила дека мирисот трае до три цели дена, додека спрејот ќе трае неколку месеци.