Српските медиуми објавија дека сега во јавноста исплива фотографија од периодот додека тие беа во брак, која пејачката досега ја чувала во архива. Цеца и Аркан се фатени како се веселат, додека Цеца игра на маса, а нејзиниот сопруг ја следи и ја гледа сосема заљубено.
Свадбата на Цеца и Жељко Ражнатовиќ Аркан беше свадба на векот. Цеца и Жељко се венчаа по две години од почетокот на врската, на 19 февруари 1995 година. На социјалната мрежа Инстаграм е објавена фотографија на која се гледа како Цеца танцува на маса, а Аркан во опуштено расположение танцува околу неа.
Во 90-тите години на минатиот век командантот и политичар Жељко Ражнатовиќ Аркан и фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ беа во центарот на медиумското внимание. Покојниот сопруг на Цеца во тој период го поврзуваа со најразлични криминални дела, па токму затоа нивниот брак беше интересен за јавноста. Тие се запознале преку пејачот Оливер Мандиќ во 1993 година на една прослава, каде Цеца веднаш паднала на шармот на Аркан. Се венчале во 1995 година и нивната свадба е прогласена за свадба на векот, каде се собрала целата естрада и многу други значајни личности од јавниот живот.