Дознајте која пејачката од српската естрада не беше поканета и испочитувана од Цеца, а сепак изјави дека се радува како да си го жени синот

ИЗВОРnovlist.mk
|

Синот на Гоца, Мирко Шијан бил на прославата кај Ражнатовиќ, додека пејачката не била поканета.
Популарната пејачка Гоца Божиновска (54) изјавила дека на Цеца Ражнатовиќ (46) воопшто не ѝ било лесно на свадбата на нејзиниот син Вељко ѝ неговата понежна половина Богдана, бидејќи знае како е да го жени синот, а на свадбата таткото да не е присутен.

Синот на Гоца, Мирко Шијан бил на прославата кај Ражнатовиќ, додека пејачката не била поканета.
– Мирко беше на свадбата со својата девојка, го покани Вељко. Цеца ги покани своите најблиски пријатели. Јас Цеца ја обожавам, нека им со среќа. Се радувам исто како мене да ми се случува. Јас тој ден ја гледав свадбата и на секој збор соучествував во нејзината мака. Знам како е ѝ на неа, бидејќи не е лесно да се жени синот, ниту да се дава ќерката, кога го нема таткото покрај нив. Таа има голем круг на пријатели, па не ни можела да ги покани сите од естрада. Таа е добар човек, сигурно би ја поканила целата естрада, но тоа е физички невозможно. Јас се радував и плачев од радост – изјавила Божиновска.


– Не се дружиме, пиеме кафе еднаш во 100 години. Се слушаме вака преку децата и некогаш поради неоки други работи, но не сме неразделни. Не очекував да ме покани. Правев и јас прослави, па не поканив многу луѓе. Секој има свој круг на свои блиски пријатели кои треба да ги покани. Се радував на свадбата и нејзината веселба, срцето ми беше полно како да беше свадба за мојот син – објаснила Гоца.