Пејачката Гвен Стефани се појави кон крајот на 90-тите години на минатиот век и набрзо стана една од најомилените пејачки на планетата.
Често се наведува како пример на жена која изгледа многу помладо отколку што навистина е, а препознатливата руса коса и црвениот кармин ја прават икона на стилот на едно време. Иако нејзината музика не е популарна како некогаш, фановите ширум светот ѝ се воодушевуваат на младешкиот изглед и наспроти фактот што таа за неколку дена ќе го прослави својот 50-ти роденден.
Стефани кон почетокот на оваа деценија направи голема пауза од музичката кариера поради бракот со Гевин Росдејл со кој има три деца. Нејзиниот брак не беше особено интересен за медиумите сè додека пејачката не откри дека сопругот всушност ја изневерува со семејната дадилка, по што одлучила да го остави.
Како што признала и самата, тоа бил еден од најстрашните моменти во нејзиниот живот.
“Не сакав да бидам во своја кожа, чувството е многу лошо”, изјавила Гвен кон крајот на 2016 година за американските медиуми.
“Тогаш се чувствував понижено и небитно во секоја смисла. Беше многу непријатно, едноставно потонав и морав да се спречам. За среќа, спасот го пронајдов во музиката”, признала таа.
Гвен нешто подоцна “заплови” во врска со Блејк Шелтон кој беше нејзин долгогодишен пријател, а за кој вели дека се нашол во идентична ситуација како и таа.
“Среќна сум што тогаш покрај себе ја имав поддршката од пријателот Блејк, кој поминуваше низ истата работа како и јас. Нашето пријателство ме спаси”, признала Стефани.
Таа во 2015 година во склоп на својот “повратнички” албум ја објави баладата “Used To Love You” која ја посветила на својот поранешен сопруг.