Др. Лазаров најавува затворање на матични лекарски ординации: Фондот не ни исплатил за ноември, но сега не казнува ретроградно за 2019-та година

|

– Ова веќе не се издржува, коментира матичниот лекар др. Ненад Лазаров од ПЗУ Медика Вера откако матичните примиле известувања за казни од Фондот за здравствено осигурување.

-На цела мака, ФЗО празнично не испореди со парични казни дури и ретроградно и за 2019 година, за лекови издадени на пациенти кои имале извештај од специјалист постар од 6 месеци и слични небулози и баналии. Истите треба да се платат во рок од 15 дена иако ФЗО ни должи пари за Ноември! Никаква помош цела криза, ова ги прелева чашите, меѓу другото и затоа ќе гледате како затвораме ординации во наредниот период, зошто на никој не му е гајле!, вели др Лазаров.

Тој коментира дека матичните биле повикувани по телефон за да одат во канцелариите на ФЗО за да како што вели Лазаров сами си потпишат “капитулација”.