Д-р Пановски: Не ни требаат нови мерки, возрасните да внимаваат, младите веројатно неколку пати имаат прележано

|

Додека болниците се празни и нема висок број на хосп итализирани и нема случаи кои нас танале како последица од болеста, нема потреба од воведување на мерки за заштита од ширење на болеста, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски, кој за „Нова Македонија“ го коментира порастот во дневната статистика на новозаразени во земјава.

– Мерките требаше да се фокусуираат на ризичните групи на луѓе. Во насока на сугестија да не одат на места и хотели со гужви, да стават маска каде што има потреба, односно каде има поголема концетрација на народ. Возрасните и хронично болните треба да се чуваат и да се им*низираат. Младите нема потреба да се ограничуваат, зашто најголем дел од нив, веќе неколку пати ја имаа прележано болеста. Сепак, ќе видиме каква ќе биде состојбата во наредните месеци, посочува Пановски.

Додава дека бројот на позитивни случаи е поголем од тој во официјалните статистики, зашто не се тестираат сите.

– Имаме најмалку по 1.500 случаи на позитивни на дневно ниво. Се тестираат само тие што имаат симптоми и се загрижени за здравјето, додава тој.