Д-р Стојанов: Џабе се паничиме, уште ништо не е истражено за новиот сој

|

За омикрон новиот сој на болеста нема ниту доволно време, ниту доволно инфицирани луѓе за да го плашиме светот, вели за Фактор епидемиологот Александар Стојанов.

Тој смета дека е сè уште рано за да се излегува со какви било ставови кои шират огромен страв кај населението.

Постојано сме во некаква паника, прво со делта-сојот, па со делта плус, сега со омикрон, но најверојатно не е баш така како што изгледа, вели Д-р Александар Стојанов – Епидемиолог.

– Омикрон сојот се појави пред десетина дена, а науката не може толку брзо да изнесе најточни податоци, бидејќи нема доволно време и нема доволно заразени луѓе за да се направат сите потребни испитувања во однос на тоа каква клиничка слика дава или колку луѓе можат да се заразат од само еден преносител.

Постојано сме во некаква паника, прво со делта-сојот, па со делта плус, сега со омикрон, но најверојатно не е баш така како што изгледа.

Во однос на ригорозните мерки кои ги преземаат голем број земји ширум светот, моето мислење како епиде*иолог е дека земјите не треба да ги затворат границите. Постојат другите мерки кои се во насока на спречување на заразата и ако доследно се почитуваат може да бидат многу поефикасни од затворање на границите – објаснува д-р Стојанов за Фактор.

Тој вели дека многу важно е опфатот на им*низација кај нас да биде што е можно поголем, а не само околу 50 отсто.