Драчевец ги претепал мајка му, сопругата и малолетната ќерка

|

На 29.04.2023 во 01.00 часот од полициски службеници од Полициската станица Драчево бил лишен од слобода Ф.С.(43) од Скопје поради тоа што на 28.04.2023 околу 23.30 часот во домот во скопско село физички ја нападнал неговата 64 годишна мајка, неговата сопруга и неговата малолетна ќерка.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 28.04.2023 во 21.30 часот полициски службеници од СВР Охрид во Охрид го лишиле од слобода С.Ш.(27) од Охрид, поради тоа што на 27.04.2023 околу 04.00 часот во домот физички ја нападнал неговата 55 годишна мајка.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.