Драгана Мирковиќ ги отвори вратите на својот дворец: Вака изгледаше прославата за полнолетсвото на синот

|

Пејачката Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ се сопственици на дворец во Виена, а по толку години реновирање сега првпат ги отвори вратите на истиот и тоа за прослава на полнолетството на синот Марко.

Пејачката и бизнисменот со месеци го организирале целиот настан бидејќи сакале нивните пријатели, роднини, колеги, гости од политичкиот, културниот свет да приредат настан за паметење.

„Прво што ми кажа Марко еден ден по забавата беше тоа дека му е жал што завршила прославата. Тоа значеше дека вредеше целата енергија, љубов и труд“ вели пејачката и признава дека уживала во секој момент од ораганизацијата.

„Како што е познато јас сакам да ги правам среќни драгите луѓе и да им приредувам настани за паметење. Кога се во прашања моите деца тука среќата се зголемува, па јас и Тони бевме пресреќни кога ги видовме лицата на гостите. Ова прослава е и наш роденденски подарок за Марко, вели пејачката.

Самата прослава траела 12 часа, а забавата била во дворецот на пејачката кој за оваа прилика бил посебно декориран.