Драма на граничниот премин Богородица: Бил без документи па сакале да го шверцуваат во багажникот

|

Вчера вечер во 21.30 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници ги лишиле од слобода 19-годишниот И.Д. и 21-годишниот Н.А., двајцата од Република Грција, извести МВР.

– При извршени гранични проверки, односно проверка во багажникот на патничко моторно возило „дачиа дастер“, во кое се превезувале, било пронајдено уште едно лице-грчки државјанин без документи. И.Д. и Н.А. биле задржани во полициска станица, а лицето без документи било предадено во Прифатно-транзитен центар за странци, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.