Папараците успеаја да го уловат моментот кога Бруклин Бекам жестоко се караше со неговата девојка Хана Крос, пред еден ресторан во Лос Анџелес. Сè уште нема потврда дека врската меѓу нив е завршена, но фотографиите покажуваат дека и двајцата се многу вознемирени, расплачени, викаат…
Фотографиите се направени само еден ден откако ги снимиле како се караат на улица во Беверли Хилс.
Наводно, 21-годишната манекенка минатиот месец му пререкла на 20-годишниот син на Викторија и Дејвид Бекам дека премногу пие.
Врската меѓу Бруклин и Хана започна во декември, а таа беше многу добро прифатена во семејството Бекам, особено после аферата, во која наводно Бруклин се плеткал со Рита Ора, а таа му испраќала пораки на Дејвид.