Драма во хрватските води: Брод со патници кон Сплит се расипал на сред море

ИЗВОРСкопје24
|

Патничкиот брод на италијанската фирма СНАВ кој плови на линијата Анкона-Сплит , недалеку од Жирја се расипал. На бродот има околу 250 патници и 92 членови на екипажот.

Траектот испловил синоќа околу 20.30 часот од Анкона во Италија и требало утринава околу седум часот да доплови во Сплит, но Слободна Далмација јавува дека останал без моторот.

Бродот моментно се наоѓа на околу 10 наутички милји југозападно од Корната.

-Ние сме агенција која врши работа за бродари и наша цел е тој брод да дојде во Сплит. Наша цел е тој брод да дојде во Сплит и тие патници да се симнат овде“, рекле за Индекс од сплитската канцеларија СНАВ.

Акцијата за спасување на траектот Аурелиа“ ја презел Центарот за трагање и спасување на море во Ријека.

Патничката Јелена Бура која моментно се наоѓа на траектот раскажала за Слободна Далмација како нема паника, дека сите патници се во салоните и дека единствен проблем е тоа што бродот се ниша поради ветрот.

-Доста не ниша, еве јас тукушто се напив таблета против мачнина, нишањето е големо-рекла таа. Не можеле да дадат повеќе информации.