Драма во основно училиште во Скопје: Наставник поттикнувал малолетник физичко да нападне соученик

|

Денеска (23.05.2023) во Полициската станица Карпош, 44 – годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.05.2023 на час во основно училиште на подрачје на општина Карпош, по претходно недоразбирање помеѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете.

Според пријавеното, малолетникот на 19.05.2023 во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог.

Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.