|
Зградата на американскиот Конгрес е евакуирана, а Белата куќа е блокирана, пренесуваат американските медиуми, откако полицијата во Капитол Хил издала известување за потенцијална закана нешто по 8:30 часот по локално време.
Евакуацијата била наредена од претпазливост и траела околу половина час, а американската тајна служба соопштила дека на персоналот на Белата куќа му било кажано да остане во зградата, пренесува “AP”.
Службениците велат дека авионот ги повредил правилата за летање во забранетиот воздушен простор.
Властите не успеале да воспостават комуникација со екипажот на авионот, а на местото на настанот биле пратени борбени авиони.
Улиците околу Белата куќа биле затворени за сообраќај.