Драматично: Вдовицата на Шабан одбива да го напушти домот на Дедиње, Гоца не се помирува со вистината (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Гордана Шаулиќ, сопругата на кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ одбива да го напушти нивниот семеен дом на Дедиње иако нејзините деца веќе неколку пати имаат предложено на кратко да замине од Белград како би се одморила и собрала сила, пренесува српски „Пинк.рс“.

-Гоца е многу лошо, воопшто не излегува од дома, а ја посетуваат ќерките и некои блиски пријатели. Често доаѓаат кумовите Зорица Брунцлиќ и нејзиниот сопруг Ќемиш со кого умее да седи и зборува по цели ноќи. Ретко спие, слабо јаде. Сите и предлагаат малку да оди од Белград, но таа тоа го одбива и како да чека Шабан да се појави секој час, вели извор близок до семејството.

Таа се очекува да излезе од дома кон крајот на март кога на пејачот ќе му се навршат 40 дена откако не напушти засекогаш.

Семејството на Шабан Шаулиќ ќе го тужи Турчинот, Алсин Левант кој што ја предизвика сообраќајката, а во која на 17 февруари настрада кралот на народната музика.

Намерата на семејството е, предизвикувачот на сообраќајната незгода кој што управувал во алкохолизирана состојба, со украден автомобил и без возачка дозвола да добие што поголема казна.

Тие можат да добијат повеќе од 300.000 евра колку што би пејачот заработил во 2019 година од закажаните настапи.

-Иако германската полиција и обвинителство по службена должност ќе го гонат Левант, семејството на Шаулиќ нема да седи со скрстени раце. Моментално се распрашуваат каква казна може да добие Турчинот, точно колку години ќе помине во затвор, открива близок извор до семејството.

Сопругата на Шаулиќ наводно се распрашувала колкава оштета може да наплати од Алсин. Иако парите нема да и ја заменат загубата на сопругот, таа има план во што да ги инвестира истите средства.

-Со оглед на фактот што семејството одлучи куќата во Шапац да ја претвори во музеј, парите ќе ги вложат во тоа како да ги зачуваат убавите спомени од пејачот.