Драстичен пад на цената на краставиците од вчера до денеска

|

Последниве два дена на големо се зборуваше за покачената цена на зеленчукот и овошјето, кое навистина стана луксуз за обичниот граѓанин, а особено во очи падна цената на краставиците.

Вчера цената на краставиците се движеше до 270 денари за килограм, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Веројатно и поради тоа денеска во маркетите има нова цена на овој зеленчук.

Имено, драстичен пад на цената може да се забележи од вчера до денеска во еден од македонските маркети. Денеска цената на краставицата е 165 денари. Цената сеуште е висока, но е речиси двојно намалена за разлика од вчера, а сетоа тоа веројатно се должи и на зимската сезона.

Вчера дури и ананасот како увезено тропско овошје беше драстично поевтино од краставицата.