Драстично намален бројот на студенти кои го изучуваат македонскиот јазик и книжевност

ИЗВОРТелма
|

Драстичен пад на бројот на студенти на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност и култура. Годинава се запишале само 16 студенти во првиот уписен рок. Со отворањето на другите државни универзитети и тамошните катедри за македонски јазик и книжевност, непостоењето на стипендии и секако неможноста за вработување на македонистите е причина со години наназад да сведочиме за оваа загрижувачка состојба во македонистиката, вели професорката Пановска –Димкова .

ТОА СЕ ДОЛЖИ ШТО СЕ УШТЕ НЕ Е ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК КОЈ ШТО ТРГНА ВО ЕДНА ПОСТАПКА И ТАА ПОВТОРНО ЗАГЛАВИ. ДА СЕ ДОНЕСЕШЕ ИЛИ КОГА ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ ТОЈ ЗАКОН, ТАМУ ЌЕ ИМААТ ГОЛЕМ БРОЈ ИНСТИТУЦИИ ДА ВРАБОТУВААТ ЛЕКТОРИ, ТАКА ШТО НАШИТЕ СТУДЕНТИ, ДИПЛОМИРАНИ МАКЕДОНИСТИ ЌЕ ИМААТ ПОВЕЌЕ ШАНСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ИНТЕРЕСОТ СЕКАКО ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ, ВЕЛИ ПРОФ. Д-Р ИСКРА ПАНОВСКА – ДИМКОВА, РАКОВОДИТЕЛ НА КАТЕДРАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.

Според деканката на Филолошкиот факултет Дучевска станува збор за проблем кој трае со години и се должи на повеќе надворешни фактори и варијабли.

-АКО ЈА ЗЕМЕМЕ МИНАТАТА ГОДИНА КОГА ИМАВМЕ 20 ЗАПИШАНИ ТОА МОЖЕМЕ ДА ГО ПРИПИШЕМЕ НА ФАКТОТ ШТО ЦЕЛАТА 2021 ГОДИНА БЕШЕ ПОСВЕТЕНА НА МАКЕДОНИСТИКАТА ПРЕКУ ЈУБИЛЕЈОТ 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ. СЕГА НЕМАМЕ ТАКОВ ЈУБИЛЕЈ И ВЕДНАШ СЕ РЕФЛЕКТИРА НА БРОЈОТ НА ЗАПИШАНИ СТУДЕНТИ. ВТОРАТА РАБОТА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА ИМАМЕ ПРЕДВИД Е ШТО ОВАА ГОДИНА ИМАМЕ ВКУПНО 16.000 МАТУРАНТИ НА НИВО НА ДРЖАВА И АКО 1/3 ОД НИВ СЕ ЗАПИШАТ НА СТРАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ, НИ ОСТАНУВА ЕДНА БРОЈКА ОД 10.000 МАТУРАНТИ, А ОВАА ДРЖАВА СО СИТЕ СВОИ ДРЖАВНИ И ПРИВАТНИ УНИВЕРЗИТЕТИ НУДИ МОЖЕБИ 50.000 СЛОБОДНИ МЕСТА, ВЕЛИ ПРОФЕСОРКАТА ДУЧЕВСКА.

-ДРУГИ ДРЖАВИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ТОЈ ПРОБЛЕМ, ВО СМИСЛА ДЕКА ОБЕЗБЕДУВААТ СТИПЕНДИИ ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ ЈАЗИЦИ, ОБЕЗБЕДУВААТ МАРКЕТИНГ. НИЕ ЕФЕКТОТ НА МАРКЕТИНГОТ ГО ВИДОВМЕ МИНАТАТА ГОДИНА ПРЕКУ ЈУБИЛЕЈОТ 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КОНЕСКИ. НИЕ ПОСТОЈАНО БЕВМЕ ПРИСУТНИ ВО МЕДИУМИТЕ, СО ТОА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ПА ЗАПИШАВМЕ 22 СТУДЕНТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА РАЗЛИКА ОД СЕГА КОГА Е 8, ДОДАВА ПРОФЕСОРКАТА ПАНОВСКА – ДИМКОВА.

Слабиот интерес за македонистиката се должи најмногу на невработеноста на овие кадри. Сѐ уште ниедна издавачка куќа, државни институции и секаде каде што по закон се должни да имаат лектори, тие не се вработуваат, вели професорката Дучевска. Во 2019 беше подготвен предлог-законот за македонски јазик кој стигна до јавна расправа, но не влезе во собраниска процедура поради распуштањето на Собранието, по што следеа вонредните состојби. Во него е предвидено стипендирање на студенти по македонистика во сите три циклуси, како и вработувања и ангажирања на лектори, во сите државни и јавни установи и институции, Владата, Собранието и министерствата, па сè до локалната власт, универзитетите, научните институции, средните и основните училишта и медиумите.

Нина Стефанова