Драстична промена: Антониа Гиговска го промени изгледот до непрепознатливост (ФОТО)

ИЗВОРНов лист
|

Младата пејачка Антониа Гиговска својата популарност уште повеќе ја стекна во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ каде што воодушеви со својот вокал.

Жирито освен комплименти за нејзините вокални способности и делеше комплименти за нејзиниот стајлинг.

Во студиото на „Пинк“, Гиговска знаеше да се појави во разни модни комбинации, а пред некое време ја промени и бојата на косата, па стана русокоса.

Меѓутоа, деновиве Гиговска повторно посети фризерски салон на еден познат македонски фризер и повторно го промени својот изглед.

Овој пат пејачката не ја промени бојата на косата, туку ја скрати. Македонското девојче сега има пократка рамна коса со шишки, а со новиот имиџ се пофали на социјалните мрежи со објаснување:

„Јас ја скратив мојата коса“.

Фотографијата за краток период доби повеќе од 8 000 лајкови и позитивни коментари за нејзиниот нов изглед.

За потсетување, Антониа деновиве ја издаде својата нова песна „Крива сам“ и деновиве гостува во емисии каде ја промовира.