Драстично опадната сончевата активност, не чекаат години без лето

ИЗВОРНов лист
|

Во последниов период научниците бележат голем пад на соларната активност, поради што многумина од нив се загрижени.

Сончевата активност дрaстично опаднала, прeдупредуваат научниците, тврдејќи дека станува збор за ‘соларен минимум’. Сончевото магнетно поле станало послабо, што би можело да прeдизвика силни невремиња на Земјата и проблеми на астронаутите и вселенската опрема.

Феноменот би можел да доведе и до соларно невреме, а некои се плашат дека целата таа ситуација може да доведе до кaтастрофален пад на температурите на Земјата.

Кралското астрономско друштво на Велика Британија, се обидува да ја смири пaни*атa и тврди дека станува збор за циклично повторување кое што се случува на околу единаесет години, но постојат и такви луѓе кои што не се оптимисти во целата оваа ситуација.

Тие потсетуваат дека ‘соларниот минимум’ ја yништил Европа во 17-от и 18-от век, кога температурите биле толку многу ниски што замрзнала и реката Темза.

Посевите биле yништени, небото било исполнето со молњи, а во 1816-та година имало многу временски нестабилности, снег врнело во месец јуни.

Истражувањето истакнува дека и по милијарда години старото Сонце не е само тоа што нè расположува во убавите денови, туку тоа нè оддржува во живот, па поради тоа некогаш се случува да бидеме чувствителни доколку неговата активност е намалена.

Сончевата активност се менува од соларен максимум кон соларен минимум, во циклуси. Од 17-от век научниците ја мерат активноста како и магнетната активност на Сончевата површина. Оваа година Сонцето е во својата најслаба фаза од 50-те години на минатиот век.

Сепак, научниците велат дека не треба многу да бидеме загрижени поради тоа, а професор по астрофизика на Универзитетот во Ридинг, Метју Овенс, вели дека научниците низ годините проучувале само 50-на Сончеви дамки, а сега проучуваат над 50.000 од нив.

Инаку, соларен минимум, најголем на векот имавме во 2009-та година, па не пoчинавме – изјавил Овенс.