Случајот за згадувањето на Маркова Река се префрла на Суд. Денеска генералниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање до судот во Скопје за поведување на постапка, за санкционирање на јавното претпријатие Дрисла. Постапката се покренува за загадување на животната средина. Ова следува откако загрижени граѓани пријавија дека во Маркова Река тече црно-кафена течност. Државниот инспекторат за животна средина при увидот утврдиле дека има обојување на реката и земале мостри кои потврдиле дека дел од исцедокот од депонијата завршил во речните води.
Тоа е исцедокот што се создава од самата депонија, тој е со кафеана боја. Параметрите што се дадени за реки од втора категорија како што е реката во којашто е испуштено има надминување на граничните вредности поради тоа ќе се поведе соодветна постапка, вели Сретен Стојковски, директор на Државниот Инспекторат за животна средина.
Од Дрисла за Телма конкретно не одговорија на нашите прашања. Избегнаа одговори со ставот дека се уште не знаат дали и каква казна ќе има.
Жителите на Батинци пред неколку недели се жалеа дека поради депонијата тие немаат чист воздух, а тоа директно се рефлектира врз нивното здравје.
ЈП Дрисла сега ќе треба да плати глоба од 120 илјади евра за загадување откако го испушти рокот кога до петокот имаше можност со спогодба да плати за 50 отсто помала казна.