Дрисла за 50 илјади жители ја зголемува можноста за канцерогени заболувања, вели Мемеди од Демократско движење

|

Демократското движење реагираше во врска со депонијата Дрисла. Од овој политички субјект велат дека Дрисла 30 години работи без да ги исполни соодветните еколошки критериуми, а предупредуваат дека оваа депонија исто така предизвикува бројни здравствени проблеми кај граѓаните.

Реџеп Мемеди од Демократското движење вели дека ваквата состојба постојано го загрозува и сериозно го нарушува здравјето на над 50.000 жители на село Батинци.

„Жители на Батинци – општина Студеничани, наместо да ги уживаат придобивките кои им беа ветени на почетокот на 90-тите кога беше поставена депонијата Дрисла, се случува спротивното, согласноста што тогаш ја дадоа за депонијата, денес ја плаќаат со своето здравје и живот. Да не заборавиме дека ресорот за животна средина (Министерство за екологија) од 2008 година наваму (до сега 2023 година) го водат кадри на владејачката партија (значи ДУИ), кои и покрај тоа што имаа уставна, законска, морално обврска, не направија ништо за да ја спречат оваа еколошка катастрофа“, вели Реџеп Мемеди од Демократското движење