Дритан Абазовиќ – Албанец од кој зависи иднината на Црна Гора

|

Дритан Абазовиќ е најзборувано име на Балканот во последните неколку дена.
Тоа е човекот од кого зависи политичкиот исход во Црна Гора.
Како и зошто овој човек стана толку важен одеднаш ?

Абазовиќ беше познат само во рамките на Црна Гора, каде што тој беше еден од факторите на политичката сцена повеќе од една деценија, иако има само 35 години. Но по објавувањето на резултатите од парламентарните избори во неделата, сите знаат и зборуваат за него. Неговата партија е клучна за формирање на владеачка коалиција.

Тој е лидер на Обединетата реформска акција (УРА). Роден е во Улцињ. По професија е политиколог. Завршил средно училиште во Улцињ, Факултет за политички науки во Сараево, како најдобар студент и во рекордно време – за само две и пол години.


Магистрира во Подгорица, а докторат го брани во Сараево. Според фотографиите што тој ги споделува на социјалните мрежи, може да се заклучи во слободното време сака и да патува, да спортува, да плови по Јадранот. Има форографии од многу држави како Холандија, Египет, Тајван, Финска, Малта, Италија. Дритан навива за Интер, а сака да игра баскет.


По се изгледа, дојдени се неговите пет минути, за да ја реализира својата политичка платофрма „борбата за трансформација на Црна Гора“.