Огне Врањеш наводно, го peзервирал централното ceпара на концертот на поп ѕвездата Јелена Карлеуша на фестивалот “Влез” на 11-ти јули.
“Откако биле пуштени билетите во продажба за концертот на Карлеуша, Огњен го peзервирал центpaлното сепаpe преку Интернет, од каде што најдобро се гледа сцената а тоа го чинеше илјада евра. Во цената е вклучено пиjaлок за Вранеш и неговите десет пријатели”, вели изворот близу до Врањеш.
“Огнен моментално е со свој тим во Полска на подготовки. Тој планира да дојде во Белград следниот четврток со приватен лет”, рече изворот.
Огњен Врањеш се обидел да ја заведе и Северина, но еве како таа му возвратила
На фудбалерот популарните пејачки очигледно му се слабост. Покрај Катарина Грујиќ, Дара – Бубамара и секако, Јелена Карлеуша, босанскиот фудбалер се обидел да заведе уште една позната регионална ѕвезда, тврди српски „Информер“.
Според порталот, фудбалерот буквално „откачил“ кога ги видел фотографиите на Северина.
Врањеш на Северина дури и испратил и неколку пораки на „Инстаграм“. „Севе му падна в очи кога во јавноста се појавија нејзините фотографии, прво во август минатата година, а потоа и во почеток на октомври. Штом беа објавени фотките на кои се гледаат нејзините гради, почна да ѝ пишува: „Дали е можно ова? Презгодна си! Гориш“, а потоа и „Брутална риба си!“, раскажува изворот за „Информер“ и додава: „Но Севе не му возврати. И било чудно што има храброст јавно да и се додворува кога знае дека е мажена. Можела да ги објави јавно неговите додворувачки пораки и да го избламира, но не сакала да се занимава со тоа“ – завршува изворот.
Според зборовите на изворот, Северина набргу го одбила додворувањето на Врањеш со тоа што го блокирала на „Инстаграм“.