Другарката на Цеца за нејзиниот однос со Богдан – Пејачката откри се:„Многу ми се допаѓа“

ИЗВОРНов Лист
|

Цеца Ражнатовиќ веќе една година е во врска со своето момче Богдан Срејовиќ, а за нивната врска сега се огласи и нејзината пријателка, пејачката Елма Синановиќ.

Елма истакна дека е пресреќна поради Цеца, и дека многу ѝ се допаѓа Богдан и ја поддржува нивната врска.

– Многу ja сакам мојата Цеки. Мило ми е што е среќна и задоволна. Се надевам дека така ќе остане засекогаш. Многу ми се допаѓа Богдан. Се е супер – изјави пејачката.

 

– Што се однесува до мојот емотивен живот, јас сум сама и фокусирана на работата, другото не ме интересира. Никогаш не знаеш што носи животот, јас сум отворена за врска, но во моментов ситуацијата е таква.