Другарката на Фросина гневна: Судиите ти простија, ама има суд кој не заборава

ИЗВОРСкопје24
|

Емотивен статус на социјалните мрежи напиша другарката на Фросина Цветковска која беше прегазена кај Универзална сала.

Во нејзините зборови се чувствува гнев поради намалената казна на Љубиша Видојевиќ кој првично беше осуден на 6 ипол години.

Одлуката на апелација од страна на најблиските и на оние кои таа кобна ноќ беа со Фросина е дочекана со голем гнев.

„Денес, Фросина ќе беше дипломиран инжинер, гордост на нејзините родители, а ти и го одзема тоа. Затоа јас никогаш нема да ти простам, а себеси нема да си простам што никогаш не успеав да соберам храбост да те прашам зошто ја остави на тој ладен асвалт и замина.

Судот ти простил, но ти цел живот ќе ги носиш солзите на нејзината мајка на својот грб, не заборавај постои суд кој не заборава, суд во кој делото не застарува, суд кој не простува. Тој суд не можеш да го потплатиш, не можеш да го убедиш со тие лажни солзи.

Ти у*и човек.
Ти не застана.
Ти беше пијан.
Ти возеше пребрзо.
Ти денес си осуден на 3 годишна затворска казна.
Ти се шеташ слободно.

А јас додека сама поминувам, те гледам како седиш и пиеш кафе со твоите другари, а мене ти ми го одзема тоа право.

Денес јас сама пијам кафе додека гледам во сликата од нејзиното почивалиште. А знаеш колку ми е тешко да ја напишам реченицава, а да не ја избришам по стоти пат? А случаите како овој на Фросина за жал се се почести во нашата држава, во кои неславни глумци, како ти глумаат fast and furious низ Скопските улици.

Ете толку вредеше тој младешки здив кој згасна таа ноќ, кога ти се реши да ја пробаш спортската кола на другарот твој“, пишува на Фејсбук Исидора Јакимовска.

Нејзиното тело фрлено 20метри од пешачкиот премин, а ти кој ти ја намалија казната ја оставаш да умира на ладниот асвалт…

Gepostet von Исидора Јакимовска am Mittwoch, 10. April 2019