„Другарот ми понуди работа за плата до 500 евра, прифатив – а по еден месец ми ја откри вистината“

|

Читам по интернетов се и сешто и се чудев, па дури и не верував во нешто што ќе прочитам. Си велав, не, ова не е можно, но оп, ми се случи нешто кое сега ќе ви го раскажам а многумина можеби нема да ми поверуваат иако е вистина.

Се вратив од Хрватска пред неколку дена каде што летово бев на работа. Се сеќавам, беше негде по Велигден мојот добар другар Жаре ми вели: Брат, знаеш што – имам да ти понудам работа, и тоа одлично платена. За почеток 500 евра месечно и платен смештај.

Си велам, одлично, го прашав што како и без да размислам многу прифатив. Жаре ми среди документи и се друго што требаше, заминавме заедно во јуни за Хрватска. Навистина, се што вети така испадна, и услови и работа и плата.

Една вечер, седнавме и домаќински се напивме, а Жаре искрено ми призна. Брат, јас за истава работам земам 900 евра. Го гледам зачудено и го прашувам што зборува и дали е вистина, а тој ми вели. Да, точно е – платата ни е 700 евра, ама јас земам и 200 евра од твојата, па јас ти средив овде да дојдам.