Шлепер од објектот кој се гради до Тутунска Банка на Улицата Св. Климент Охридски, пробувајки да сврти удрил во дрвото поради што тоа паднало на поминувачка кола и ја скршило шофершајбната.
Директорот на Паркови и Зеленило информираше дека нивните екипи веќе работат на расчистување на коловозот, а инспекциски служби од Градот и од МВР се на лице место и работат на расчистување на случајот.
Од Градот велат дека инспектори на терен ќе ја утврдат состојбата, по што ќе следуваат казни за сторителите.