|
Вчера на подрачјето на Центар полициски службеници го лишиле од слобода И.К.(39) од Р.Турција.
Како што објави МВР, турскиот државјанин првин физички го нападнал В.Р.(25) од селото Арачиново, скопско и со остар предмет го повредил.
Исто така, пријавениот, заедно со уште три лица физички ги нападнале и Б.Б.(20), Ј.Б.(31) и М.Д.(41), сите од с.Батинци, скопско кои биле со В.Р..
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.