|
Министерот за здравство Беким Сали контактирал со надлежни во јавноздравствените установи кои вршат ПЦР тестирања и тие покажале подготвеност да го зголемат капацитетот за тестирање за 20 проценти, велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“.
– За ова треба да се произнесе и ФЗОМ, додаваат оттаму.
Меѓу првите приоритети на МЗ е и тоа да се намали цената на ПЦР тестирањето во приватните лаборатории.
,,Во тек се разговори и со приватните лаборатории за високите цени кои граѓаните ги плаќаат за тестови и лабораториски услуги”, додаваат од МЗ.