Државниот инспекторат за транспорт и СИЗ „Македонија Сообраќај” АМЕРИТ ја унапредуваат соработката

ИЗВОРСкопје24
|

Директна комуникација на Државниот инспекторат за транспорт и членките на СИЗ „Македонија Сообраќај” АМЕРИТ- Скопје предвидува Меморандумот за соработка што го потпишаа двете страни по советувањето за состојбите за превоз на патници во домашниот и меѓународниот сообраќај во Струмица.

Потписниците се обврзуваат на меѓусебна координација и соработка за целосна имплементација на целите опфатени во Меморандумот, како и за давање иницијативи и предлози за зголемување на конкурентноста на превозниците на стока и патници особено на територија на земјава.

Потписници на овој Меморандум за соработка се директорот на Државен инспекторат за транспорт г-дин Руфат Хусеини и управителот на СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ г-дин Лефтер Андонов.

Галерија:

Се одржа Советување за состојбите за превоз на патници во домашниот и меѓународниот транспорт

Од 11-12 април 2019 год. во хотел Сириус 5* – Струмица, се одржа Cоветување за состојбите за превоз на патници во домашниот и меѓународниот транспорт со осврт на законските прописи и предлози за нивни измени и дополнување. Советувањето е организирано од СИЗ “Македонија Сообраќај”- АМЕРИТ и Здружението на превозници ТРАНСПОРТ ЛЕГИС – Скопје.

На дводневното советување учествуваа претставници од компании кои вршат превоз на патници во домашниот и меѓународниот транспорт како и преставници од Државниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи и Царинската управа на Република Северна Македонија.

Во агендата беа опфатени закони кои се од големо значење за патниот сообраќај како:

–Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата со предлог измени и дополнување на законот

–Законот за работно време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај со осврт на воведување на смарт тахографи

–Законот за превоз во патниот сообраќај, начин на распределба на линии, обуки за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот транспорт- Законски промени

–Категоризација на автобуски станици на територијата на РСМ Е-автобуска примена на законски одредби

Темите на агендата се разгледуваа преку панел дискусии во кои свој придонес дадоа сите учесници, преку искажување на проблемите со кои се соочуваат како и предлози за нивно решавање со цел унапредување и подобрување на нивното работење.

Советувањето се затвори со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Државниот инспекторат за транспорт и СИЗ “Македонија Сообраќај” АМЕРИТ со што се одбележа долгогодишното заедничко работење, а се потврди и понатамошната соработка.