ДУИ избра нов секретар

ИЗВОРТелма
|

Атила Реџепи е новиот генерален секретар на ДУИ одлучија вечерва на седница највисоките партиски тела  Централното собрание и Советот на ДУИ.

Артан Груби беше поставен за нов организационен секретар. Портпаролот на партијата Бујар Османи рече дека и двајцата ќе треба да и помогнат на партија и на лидерот Али Ахмети во подготовката на новиот конгрес на ДУИ кој треба да се одржи наредната година.

“На седницата било разговарана за уставните измени кои, како што рече Османи, се неповратен процес и истите се одвиваат на работ да успеат. Затоа како што рече треба да се посвети големо внимание.”

На новинарско прашање како ги коментира последните случувања во чаирскиот огранок на ДУИ, чии луѓе вчера вооружено се пресметуваа Османи кратко со одговор: Во нашата партија ништо не се случува, мерки треба да преземат институциите.