Денеска централна вест во медиумите беше првата историска посетата на папата Франциск на Македонија, меѓутоа како еден од поинтересните моменти беше оној кога манекенката Дунавка Трифуновска беше снимена како се обидува да стигне до папата и да се поздрави со него.
Таа по целодневните коментирања од страна на медиумитеконечно реши да се огласи на својот Фејсбук профил и им се обрати на сите оние кои пишуваа и зборуваа за тоа како таа не успеа да направи селфи со папата.
„Папата секако дека не можете да го допрете. Има исклучок, секако. Но нема да ви ја откријам, секако, тоа е тајна. Тоа е – mission impossible. Можете само да го поздравите. Мојата хуманитарна работа во животот ме донесе до некои реални животни привилегии“, вели Дунавка.
„Вашата не-професионалност да известувате за светски настан од дома на кој што не сте поканети, исто така. На влезот ќе Ве дочека еден италијански новинар кој Ве погледе и ќе Ви каже, внимавајте на скалата. Останатите ќе ве допрат со поглед, за да не ви ја скршат аурата. Ако сакаат да ве сликаат секако ќе ве прашаат.
Папата ќе ви раскаже како од семејство на сиромашен италијански мигрант во Агрентина, стана еден од највлијателните луѓе во светот, а лажните лица на поразените препишувачи на Г`уевски ќе ви раскажат како од Премиер на библиска земја се станува мигрант во земја членка на Европска унија.
Сестрите од редот на Мајка Тереза, ќе ви раскажат како жените се нивни секојдневни хероини, е само дел од објавата на Дунавка. А јас, како секојдневно се дружиме, смееме, молиме, сакаме и почитуваме!
Се извинувам на медиумите на Г`уевскишто не ви дадов изјава, тоа секако нема да го имате од мене. И да клекнете на колена и да молите. Ништо не ви помага. Ќе научите да бидете достоинствени во поразот…“ стои во дел од статусот на Дунавка, а целиот текст прочитајте во во продолжение.
https://www.facebook.com/dunavka.trifunovska/posts/10156319577651588