Фудбалерот Душко Тошиќ не сака да оди на одмор во Дубаи заедно со својата сопруга, Јелена Карлеуша. Српските медиуми објавија дека тој на одмор ќе замине со ќерките.
Иако заедничкиот одмор го планираа со месеци по избивањето на аферата Душко сака да биде сам и со бистра глава да донесе одлука за бракот со фолк пејачката.
Карлеуша сакала да поминат неколку денови заедно, но Душко не се согласи. Пејачката ќе замине на неколку настапи во Виена и во Швајцарија.
Пејачката иако имаше одличен настап на првите регионални награди – MAC, во Белград пред неколку дена, сеуште е нервозна и напната па исфрустрираноста ја исфрла насекаде.
Јелена Карлеуша бурно изреагира на девојка од музичкото натпреварување то „Ѕвездите на Гранд“, кога слушнала дека подготвила песна од Зорица Брунцлиќ. Тоа изгледа не и се допадна ни малку. Поради тоа, Зорица многу се навреди па јавно ја нападна поп-фолк дивата, која од натпреварувачката веројатно барала нешто поразлично од тоа што често го пее и е по што е препознатлива.
„Да видам како размислуваш“, се трудеше Јелена околу натпреварувачката.
„Од Зорица…“, и одговори натпреварувачката под трема, кога ЈК со викање ја прекина.
„Веројатно Брунцлиќ! Така ли?“ ја испитуваше Карлеуша на што девојката само се насмевна и потврди со нејзината глава.
На сето ова Зорица и одговори на социјалните мрежи и и упати остра порака па ги крена сите на нозе.
„Јелена ти знаеш се да правиш освен да пееш! И во иднина кога ќе го споменеш моето име и делото на Зорица Брунцлиќ – стани и поклони се! Би ти рекла срам да ти е, ама ти очигледно не знаеш ни што значи да се срамиш!, бесно и одговори пејачката со што предизвика лавина на коментари.
Да се потсетиме, веста за разводот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ одекна на Божиќ. Причината за тоа се пораките кои пејачката наводно ги разменувала со колегата на нејзиниот сопруг, фудбалерот Огнен Врањеш, па поради тоа тој и го запленил и телефонот. Парот ова брзо го демантираше не ни помислувајќи на тоа што ќе следи.
ЈК отпатува во Кина со цел да се смири со Душко и да го зачува својот брак во екот на аферата со босанскиот фудбалер, но откако се врати во Србија, излегува од домот само за да оди на снимањето на ова шоу.