Душко Тошиќ го добил видеото на Јелена и Врањеш, веднаш решил да се разведе

ИЗВОРСкопје24
|

Кога сите помислија дека аферата на српската пејачка Јелена Карлеуша и босанскиот фудбалер Огнен Врањеш се стишува, се појавија нови материјали кој докажаа дека фудбалерот ја зборувал вистината за неговата романса со пејачката.

На сопругот на Јелена Карлеуша, Дишко Тошиќ од анонимна меил адреса му било испратено видеото на Јелена и Огнен. Во тој миг го обземал бес и веднаш на телефон ја побарал својата сопруга. Тогаш веднаш и побарал и развод, кажувајќи и дека веќе никакви изговори не го интересираат.

Инаку, Тошиќ се до овој миг до појавувањето на видеото на Карлеуша и Врањеш, бил подготвен да го продолжи бракот со Јелена и да и ја прости оваа афера на својата сопруга.

Еден телефонски разговор за време на пробата на МАЦ церемонијата во Белград ја довел Карлеуша до нервен слом. Од другата страна на слушалката бил токму сопругот Душко Тошиќ.

-За време на разговорот таа плачела, а потоа психички се скршила пред сите. Никој не знаел за што станува збор во првиот момент, освен дека Душко бил бесен и лут како рис. Дури подоцна се покажало дека Душко имал дебела причина за такво нешто. Имено, веднаш по избивањето на аферата се појавила информација дека Карлеуша и Врањеш имаат и снимка, но малко кои верувал во веродостојноста на ова. За жал, Душко бил меѓу првите кој се уверил во точноста на оваа информација, но и во автентичноста на видеото, изјавил анонимен извор за медиумите кој воедно дополнил дека Тошиќ кога го видел видеото веднаш решил да му стави крај на бракот со Јелена.

Српската пејачка по ова итно заминала во Дубаи каде престојува и нејзиниот сопруг Душко, останува да видиме како и дали овој брачен пар ќе ги реши несогласиците.